Ограбена редакцијата на „Плусинфо“

Редакцијата на порталот „Плусинфо“ синоќа после 21.30 часот била обиена од засега непознати лица, обајуви „Плусинфо“.

Како што се наведува во текстот, последна која била присутна во редакцијата синоќа до 21.30 часот била фоторепортерката Елена Героска.  Од редакцијата велат дека таа најверојатно била следена а потоа крадците  влегле и земале четири лаптопи и еден нетбук, поголем дел од исклучително скапатафотографска опрема и две видео камери.

фото: „Плусинфо“