16 дена кампања против насилството врз жените и девојчињата

Симболично, во средно економско-правно училиште „ Васил Антевски- Дрен, денеска почна  капањата против семејното насилтво, која ќе трае 16 дена, и ќе заврши со активност на градскиот плоштад „Македонија“, на 10 декември,  Денот на човековите права.

Кампањата е со цел да се подигне свеста и да се поттикне акција против семејното насилство, како грубо кршење на основното човеково права, од што на светско ниво страда секоја трета жена во текот на својот живот.

„Насилството врз жените е една од најраспространетите и воедно најмалку препознаените прекршувања на човековите права. Глобално, една од три жени ќе доживее физичко или сексуално насилство, во многу случаи, токму од својот партнер. Речиси половина од жените убиени во текот на 2012 година настрадале од својот партнер, или од член на семејството. Статистички, силувањето и домашното насилство претствауваат поголема закана за жената отколку ракот, сообраќајните незгоди, војните и маларијата“ заедно, истакна постојаниот координатор на Обединетите Нации, Луиза Винтон. Таа повика на одговорност на сторителите и едукација на младите дека „вистинскиот маж не удира жена“.

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, вклучувајќи се во оваа глобална кампања, истакна дека две третини од кривичните дела со телесна повреда се поради семејно насилство, а жртви се жените. Воедно,  додаде дека споредбнео со минатата година, бројот на поплаки за семејсно насилство е зголмен  за 36 отсто и годинава изнесува над 3.200.

Јанкуловска, напомена дека при овој вид на насилство, жените се изложени на психолошко, економско и сексуално малтретирање.

„Образованието има клучна улога во промената на штетните родови стереотипи, кои директно или индиректно промовираат насилство врз жените и девојчињата. Можеби е разбиена фамата околу семејното насилство, но се’ уште не сме стигнале до целта. Насислтвото е директна последица на дискриминацијата и родовата нееднаквост. Без јавна партиципација не е можно елиминирање на насислтвото. Зад статистиките на жртвите, сепак се кријат живи луѓе“, посочи Јанкулоска.

Градоначалничката на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец  -Алексиќ, земајки дел од оваа кампања ја истакна сериозноста на оваа тема за која треба активно да се делува.

„Болката е уште поголема кога насилството е сторено од член на семејството  онаму каде што човекот треба да биде најзасолнет. Дискриминацијата не постои само во домот , не ретко жените само затоа што се жени се малтретирани на работното место, омаловажувани и помалку платени. Што можеме ние да сториме да – да не ја тргаме главата настрана, да се залагаме за концепт на здраво семејство, здраво општесво , каде што улогата на мажот и жената еднакво ќе се ценат . Тогаш голем дел од превенцијата на насилството на жената ќе е завршена. Неопхдно е да се разговара, да се едуцира“, рече Беличанец  -Алексиќ, советувајќи ги  ученичките од средното училиште „Васил Антевски Дрен“  да се подготват за многу идни улоги во животот, но улогата на жртва, никако не смее да биде една од нив.

FOTO 1_16 dena aktivizam_G.Jankuloska FOTO 2_16 dena aktivizam_Luiza Vinton_ON FOTO 3_16 dena aktivizam_SU Vasil Antevski Dren