16 повредени во пожар во Австралија, откако автомобил влетал во ресторан

Најмалку 16 лица денеска се повредени кога автомобил влетал во ресторан во малиот австралиски град Рејвенш, на север од континентот, притоа удрил во плинска боца, предизвикал  пожар и потоа, како што наведоа очевидци, „апсолутен хаос“, објави МИА.

Автомобилот, на пладне по локално време, влетал во ресторанот во Рејвенш, што се наоѓа на 1.700 километри северно од главниот град на австралиската држава Квинсленд, Брисзбејн, изјави портпаролот на полицијата, пренесуваат француските медиуми.

-Автомобилот со голема брзина удрил во плинска боца, што потоа се запалила и ресторанот бил зафатен од пожар, изјави тој.

На повредените веднаш им е укажана прва медицинска помош. Повредените главно се здобиле со изгореници, а пожарот бил изгаснат за еден час.