четврток, 20 јули 2017  |  Вести денес: 41

17 договори за самовработување на лица со хендикеп потпишани во Гостивар

samovrabotuvanje

Последни вести

Седумнаесет лица, денеска во Центарот за вработување-Гостивар, потпишаа договори за самовработување откако претходно добија грантови од по пет илјади евра кои ги доделува Министерството за труд и социјална политика, наменети за мерката „самовработување на лица со хендикеп“.

Интересот за отварање сопствен бизнис, овие гостиварци го насочиле најмногу кон занаетчиството и трговија, вели Хисен Амзаи, директор на Центaрот за вработување Гостивар

– Од објавувaњето на мерката, ова се првите договори со 17 лица од Гостивар кои имаат попреченост или хендикеп и пројавиле интерес за вработување. Тие веќе ги поминаа обуките и очекувам во најскоро време да почнат со бизнисите и им посакувам успех во иднина. Oчекуваме со оваа мерка да бидат опфатени уште две лица кои во меѓувреме конкурирале и нивните пријави се во обработка, изјави Амзаи, директор на Центарот за Вработување.

Во меѓувреме со мерката за самовработување на последниот конкурс, финансиска поддршка од по 185 илјади денари добија уште 23 лица. Тие денеска ги потпишаа договорите и ги добија документите.

Со програмата „Самовработување“ на Агенцијата за вработување и Владата на Република Македонија, која се применува од 2007 во Гостиварскиот регион, во новоотворените фирми, работа нашле над 400 лица. Од отварањето па до денес, според директорот на центарот за вработување, активни се над 70% фирмите.

Најчитани вести