17-годишна девојка почина, две се полесно повредени во сообраќајка во Пожаревац

Во сообраќајна несреќа која се случила во близна на Пожаревац една девојка загина, а две се полесно повредени, соопштија денеска од полицијата.

До несреќата дошло вчера попладне кога со автомобил „Пежно 407“ кој бил управуван со неприлагодена брзина удрил во заштитната ограда на патот, по што ја пробил и излетал во провалија.

На лице место починала 17-годишната девојка која била на совозачкото седиште, а со полесни телесни повреди се здобиле и 20-годишната девојка која управувала со возилото и уште една 20-годишна девојка која била на задното седиште.