Македонија,Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Дамјан Манчевски да не глуми жртва и да ја прифати одговорноста

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го повикува потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, да не глуми жртва и да ја прифати одговорноста.

„Дамјан Манчевски да признае дека  калапел тендери во време кога бил член на највисокиот орган на СДСМ, Централниот Одбор. Денеска неговто оправдување е врв на ароганција и потценување на македонските граѓани. Фирмата во која Дамјан Манчевски е сопственик очигледно ги добивала тендерите заради високите позиции кои тој ги има во СДСМ“, стои во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ.