вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 2

18 годишно момче разви горивни ќелии што конвертираат отпад во електрична енергија

ostin-vang

Поврзани вести

Остин Ванг од Канада освои 75.000 долари како прва награда на меѓународниот саем за наука и инженерство на Интел.

Интел корпорацијата и Society for Science & the Public денес објави дека Хан Жи (Остин) Ванг, 18, од Ванкувер, Канада е добитник на првото место и Гордон Е. Мур награда, како и 75.000 долари за развој на микробиолошки горивни ќелии кои поефикасно конвертираат органски отпад во електрична енергија. Наградата беше доделена на овогодинешниот меѓународен саем за наука и инженеринг на Интел, најголемиот натпревар за научно истражување во средни училишта во светот.

Ванг, кој ја доби главната награда, идентификува специфични гени кај генетски подобрени E. coli бактерии кои овозможуваат ефикасно генерирање на моќ. Неговиот систем може да произведе значително повеќе енергија од постоечките MFC процеси по цена која е конкурентна со соларната енергија, тој верува дека MFC ќе биде комерцијално остварлива.

Сијамантак Пајра, 15, од Френдсвуд, Тексас, е добитник на една од двете Intel Foundation Young Scientist наградиод50.000 долари, за развој на електронски помагана протеза за колено што ќе им овозможи на поединците со потешкотии во одот да шетаат поприродно. Кога Пајра тестираше прототип со две индивидуи засегнати со полио, речиси веднаш беше обновено физичкото одење и се зголеми мобилноста.

Кети Лиу, 17, од Солт Лејк Сити, Јута, ја доби другатаIntel Foundation Young Scientist награда од50.000 долари за развој на алтернативна батериска компонента која може значително да ја подобри ефикасноста и безбедноста на батеријата. Батеријата на Лиу е помала и полесна, без ризик од пожар својствен за литиум-јонските батерии кои се користат во авиони, мобилни телефони, дури и ховер-бордови.

Интел им честита на победниците оваа година и се надеваме дека нивната работа ќе ги инспирира другите млади иноватори да ги применат своите љубопитност и генијалност на денешните глобални предизвици. Овој интернационален саем за наука и инженерство е одличен пример за тоа што може да се постигне кога учениците од различни средини, перспективи и континенти доаѓаат заедно за да споделат идеи и решенија, , рече Розалин Худнел, директор на корпоративни работи во Интел корпорацијата и претседател на Интел фондацијата.

Во 2016 година на меѓународниот саем за наука и инжинерство на Интел учествуваа повеќе од 1700 млади научници избрани од 419 филијали на саемот во 77 држави, региони и територии. Во прилог на врвните победници, околу 600 финалисти добија награди и признанија за нивните иновативни истражувања, вклучувајќи и 22 „Најдобар во категорија“ победници, од кои секој доби 5.000 долари награда. Интел фондацијата исто така додели 1,000 долари грант на секое училиште на победниците и на саемот кој го претставуваат.

Нашите врвни победници оваа година –Остин, Сијамантак и Кети – јасно покажуваат дека возраста нема влијание врз вашата способност за спроведување на истражување и добивање решение за важни проблеми. Ние им честитаме не само за нивниот успех, туку и за нивната посветеност и напорна работа. Тие и остатокот од финалистите на Intel ISEF се новите ѕвезди на науката, технологијата, инженерството и математиката, а ние со нетрпение очекуваме да ги гледаме како ги извршуваат своите работи, а за возврат ќе го направат светот подобро место за идните генерации, рече Маја Ајмера, претседател и извршен директор на Society for Science & the Public.

Меѓународниот саем за наука и инжинерство на Интел е во служба на најдобрите студенти за наука, иноватори и инженери. Финалистите се одбираат годишно од стотици поврзани саеми. Нивните проекти се проценуваат на лице место од страна на 1.000 судии од речиси секоја научна дисциплина, секој со докторат или шест години професионално искуство во една од научните дисциплини.

Меѓународниот саем за наука и инженерство на Интел е заеднички финансиран од страна на Интел и Интел фондацијата со дополнителни награди и поддршка од десетици други корпорации, академски, владини и други организации фокусирани на наука. Оваа година беа доделени околу 4 милиони долари.

Најчитани вести