18 месечно бебе заболено од западнонилска треска

На Клиниката за детски болести се потврдени двата случаи нови дијагностицирани од западнонилска треска. Станува збор за дете на 18 месеци и четиригодишно детенце.

Ова денеска го истакна директорката на Клиниката за детски болести Аспазија Софијанова, која додаде дека 4-годишното дете е пушено на домашно лекување.

Помалото детенце се уште е хоспитализирано на Клиниката за детски болести, бидејќи болеста започнала со неспецифични симптоми кои, како што рече д-р Софијанова, оделе во прилог на болести што лекарите морале да ги исклучат.

– За среќа испадна западнонилска треска, меѓутоа, сепак, мораме да го мониторираме понатаму. Детенцето закрепнува од компликациите кои беа кај него манифестирани и верувам дека наскоро ќе биде добро и ова дете, изјави директорката на Детската клиника.

Двете деца пред две до три недели престојувале во Грција, што според д-р Софијанова покажува дека западнонилската треска се уште ја има.

Најризични категории се постарите лица, деца и луѓе со намален имунитет. Болеста не се пренесува од човек на човек, туку преку убод од заразен комарец.