Свет

18 милијарди евра за Украина од земјите Г-7

18 милијарди евра за Украина од земјите Г-7
Покрај 17-те милијарди евра што Меѓународниот монетарен фонд  и’ ги одобри како помош на Украина, оваа поранешната советска република ќе има на располагање уште 18 милијарди евра од земјите на Групата Г-7, јавува  МИА од Брисел.
Ова е одлучено на синоќешниот состанок на шефовите на држави и влади на Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, САД и Велика Британија во Брисел, на кој главна тема беше состојбата во Украина.
Според соопштението објавено по синоќешниот состанок, земјите од Г-7 се посветени да продолжат да работат со Украина за поддршка на економскиот развој, суверенитетот и територијалниот интегритет.