ВМРО-ДПМНЕ: Само македонската опозиција протестира против изградба на патишта

Македонија е единствена земја во светот каде опозицијата протестира против изградба на патишта, како што тоа денеска преку соопштение го направи СДСМ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со изградба на експресниот пат Штип-Радовиш добиваат и економијата и граѓаните. Изградбата на овој експресен пат ќе ги подобри врските во Југоисточна Македонија, ќе отвори работа за градежниците, ќе ги зајакне трговските врски.

Согласно податоците објавени од страна на Министерството за финансии државниот долг изнесува 36 отсто, што е за 0,7 процентни поени пониско во однос на 2005 година година.

Македонија е петта најмалку задолжена земја во Европа во моментов, а во 2005 била на 11 место, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија потсетуваат и за светска економска и европска должницка криза поради која голем број на земји, развиени економии, значително го зголемија државниот долг, но тоа не е случај со Македонија.

 

 

Да потсетиме и дека во декември доспеваат 150 милиони за отплата од еврообврзницата која беше земена во 2005 година од страна на тогашната влада на сега опозициската СДСМ. Значи до денес ги отплаѓаме долговите кои ги направила СДСМ и кои не се за патишта, ниту за капитални инвестиции.