ВМРО-ДПМНЕ: Од визијта на СДСМ, остана само про-визијата за едно евро за Вицето

СДСМ не е никаков фактор кој кажува кога е доцна, а кога не. Народот на Македонија кој за СДСМ греши, народот кој за СДСМ е „овца“ и „стока“ кажува за кого е доцна, а за кого не, посочуваат од  ВМРО-ДПМНЕ.

Народот девет пати досега процени дека СДСМ не заслужува да се доближи до власта во Македонија, а не пак да ја освои. Со ваквите празни соопштенија кои произлегуваат од празната програма СДСМ само го докажува тоа.

Од Визијата за Македонија на СДСМ граѓаните најмногу ги паметат:

-визијата за приватизацијата

-визијата за 200.000 луѓе исфрлени на улица

-визијата за еден вработен од секое семејство

-про-визијата за едно евро за Вицето

-визијата за агенцијата за недвижнини на Шеќеринска

-визијата за накитот и ументичките слики на Шилегов

-визијата за средната класа која ќе ја враќа Заев кој им плаќа минималец на своите работници

-визијата за три индустриски зони и 3.000 нови вработувања во Струмица

-визија за цензурирање на медиуми

-визија за охрабрување на пукање врз доктори

-визија за манипулирање со број на мртви бебиња со единствено политичка цел

-визија дека 14,4% од 23596 е 229, освен кога пресметува Вицето

 

Од владејачката партија додаваат дека во визиите на СДСМ не постојат 140.000 нови работни места кои ги отвори оваа влада, не постојат 1.500 нови вработувања во Струмица, не постои раст на БДП, не постои драстично искажаната волја на народот и разликата од 200.000 на секои избори. Не постојат новите возови и стотиците милиони евра кои се вложуваат во железницата. Не постојат 12-те нови возила за Итната медицинска помош.

Во халуцинациите на СДСМ постои само светот од нивните соопштенија, конфузен, безличен, безидеен, празен, повторувачки. СДСМ смета дека ако сто пати каже лага, таа ќе стане вистина.

Ама кога народот 10 пати ќе ти каже не, ќе ја дознаеш вистинската вистина за Македонија.

Дотогаш, СДСМ може слободно да продолжи со халуцинации. За ова релаксирано хоби има уште 157 дена. На 24 април доаѓа пресудата за СДСМ од народот. Казната ќе е немилосрдна, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.