Македонија и Србија пуштаат само бегалци од воените жаришта, другите ги враќаат

Македонија и Србија пуштаат само бегалци од воените жаришта, другите ги враќа
Македонија и Србија пуштаат само бегалци од воените жаришта, другите ги враќа
Македонија во три часот утрово ја затворила границата, а околу 100 лица останале заробени на ничија земја, вели портпаролката на УНХЦР, Мелита Шуњиќ, за српси „Блиц“. Се враќаат бегалци кои не доаѓаат од кризните воени жаришта.

Агенцијата Ројтерс наведува дека македонската полиција синоќа почнала да ги враќа мигрантите кои не се од Сирија, Ирак и Авганистан.

Македонија најави дека ќе почне со поставување на жичана ограда по јужната граница. Советот за безбедност на Македонија ја задолжи АРМ да ги започне сите подготовки и активности за расчистување и подготовка на теренот за поставување ограда.

Српските власти почнаа да вршат подетални контроли за тоа кои бегалци се од воените жаришта, а кои се економски мигранти кои ја користат бегалската рута кон земјите на Европската Унија. На преминот Табановце синоќа првпат после подолго време останале околу 300 бегалци и не го продолжиле патот преку Србија.

Српските гранични власти ги пропуштаат само граѓаните од Сирија, Ирак и Авганистан. По случувањата во Париз, Србија најави дека ќе го зголеми присуството на војската и полицијата на своите граници и ќе го ограничи протокот на мигранти.