Нови полициски акции во Белгија

Нови полициски акции во Белгија
Нови полициски акции во Белгија

На шест различни локации во Брисел белгиската полиција покрена рации со цел да се пронајдат контакти и врски на Билал Хадфи кој минатата недела изврши самоубиствен напад во Париз, соопшти официјален претставник од кабинетот на белгиското федерално обвинителство.

Тој навел дека рациите се во Моленбек и други области во Брисел.

Билал Хадфи е идентификуван како еден од тројцата напаѓачи на стадионот во Париз.

Белгискиот премиер Шарл Мишел најави нов пакет антитерористички мерки. Мишел рече дека 400 милиони евра ќе бидат издвоени да се прошири борбата против тероризмот.

Мистерија: Дали организаторот на нападот е убиен или е во бегствотерорист

Француското министерство за внатрешни работи и париското обвинителство сеуште не се сигурни дали Белгиецот осомничен за организирање на нападите во Париз е убиен или е во бегство. Од обвинителствоо денеска изјавиле дека властите се обидуваат да утврдат дали 27-годишниот белгиски џихадист Абделхамит Абаут е меѓу убиените во операцијата која плицијата ја спроведе вчера во едно предградие на Париз.

Можни напади на Базиликата „Св. Петар“ и на миланската катедрала

vatikan

Американските власти предупредиле на можни напади на милитантите во Италија. Како можни терористички мети се наведени базиликата „Св. Петар“ во Рим и миланската катедрала или Скала.