Обама: Политичко решение за Сирија не може да се постигне ако Асад е на власт

Обама: Политичко решение за Сирија не може да се постигне ако Асад е на власт
Обама: Политичко решение за Сирија не може да се постигне ако Асад е на власт

„Исламската држава не може да биде елиминирана додека не се постигне политичко решение за Сирија“, изјави претседателот на САД, Барак Обама. Ова решение не може да биде постигнато ако Башар ал Асад е на власт, дополнил Обама.

Ставот, пак, на Русија, што го изрази министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, е дека Западот треба да се откаже од барањата за соборување на Асад, ако навистина сака меѓународна коалиција против Исламската држава. Лавров говореше за сменета позиција на Западот по нападите во Париз и по соборувањето на рускиот авион.

САД во моментов не ги координираат со Русија своите воени дејствија во Сирија против ИД, но не исклучуваат таква можност во иднина, изјави портпаролот на Стејт Департментот, Џон Кирби.