четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 0

Амбасадорот Орав се сретна со раководството на МАН

МАН се залага за префрлање на финансирањето на јавниот радио-дифузен сервис МРТ целосно на буџетот, наместо сегашниот модел на такса која се наплаќа од домаќинствата, а притоа МРТ да се повлече од конкурирањето на комерцијалниот пазар на реклами.

Амбасадорот Орав се сретна со раководството на МАН

Амбасадорот Орав се сретна со раководството на МАН

Последни вести

Шефот на мисијата на Европската Унија во Македонија Аиво Орав денеска се сретна со раководството на Македонската асоцијација на новинари (МАН), во рамките на разговорите за претстојните реформи во медиумската регулатива во Македонија, објави „Прес 24“.

 Јас и моите колеги од делегацијата на ЕУ добивме покана од страна на МАН пред неколку дена и решивме да дојдеме да разговараме за извештајот на Европската Комисија и состојбата со медиумите. Извештајот беше прилично сериозен, со посочен поголем број на недостатоци во него, но кога знаеме што не е во ред тоа ни дава можност да одиме напред. Ова е можност сега за земјата да оди напред. Препораката што ја даде ЕК беше условена, нова препорака може да биде дадена по изборите, најверојатно ќе има уште еден извештај пред нив, и затоа новинарите, граѓанскиот сектор, можат да работат за следниот извештај да биде совршен и ЕК да може да каже, да, оваа земја стори се што требаше за да се имплементира политичкиот договор и итните реформски приоритети и препорачуваме земјата да ги почне преговорите со Европската Унија, изјави амбасадорот Орав.

Слаѓана Димишова, претседателка на Македонската асоцијација на новинари, една од двете најголеми здруженија на новинари во Македонија, изјави дека на средбата таа ги претставила предлозите на МАН, кои би требало да бидат дел од идните регулативи во медиумскиот сектор. Димишкова рече дека МАН се залага за префрлање на финансирањето на јавниот радио-дифузен сервис МРТ целосно на буџетот, наместо сегашниот модел на такса која се наплаќа од домаќинствата, а притоа МРТ да се повлече од конкурирањето на комерцијалниот пазар на реклами. Според Димишкова, средствата за кампањите кои се од јавен интерес, и кои се финансираат од буџетот, би требало да бидат еднакво распределени меѓу медиумите, според однапред прифатени критериуми во кои клучна ќе биде гледаноста и читаноста на одредениот медиум. Според МАН, доколку се заостри регулирањето на финансирањето на медиумите од страна на буџетот, истото треба да важи и за кампањите финансирани од страна на меѓународните фондации, амбасадите во Македонија и невладините здруженија. Предлогот на МАН е да се ограничат средствата кои еден медиум може да ги прими од овие извори на максимум 20 проценти од приходите остварени во изминатата година, со што би се избегнала нелојалната конкуренција на пазарот и појавата на состојби еден медиум во целост да биде финансиран преку проекти од меѓународни фондации, а да биде конкурентски со комерцијалните медиуми во Македонија.

Средствата што се даваат од фондациите, амбасадите, на медиумите во Македонија, се несразмерно поголеми и одат само за еден дел од медиумите. Минатата година имавме сооднос од 20 милиони евра исплатени од фондациите и амбасадите и 9 милиони евра од страна на државата. Средствата што се од државата одат или се понудени во сите медиуми, но не и овие што се од амбасадите. Знаеме дека таму има критериуми, но сепак нашиот предлог е до 20 проценти да се слеваат во медиумите. На овој начин, со толкави странски средства во медиумите, се создава нелојална конкуренција, изјави Димишкова.

Дополнителни предлози на МАН се да се утврдат критериуми за дефинирање на статусот на новинари и медиуми, и засилување на позицијата на уредниците во медиумите, со задолжителни менаџерски договори, кои би им овозможиле поголема самостојност во однос на сопственикот на медиумот и политичките притисоци.

Најчитани вести