Убиен „мозокот“ на нападите во Париз

Убиен „мозокот“ на нападите во Париз
Убиен „мозокот“ на нападите во Париз

Абделхамид Абауд, човекот што важи за „мозок“ на нападите во Париз, е убиен при полициската акција во парискиот кварт Сен Дени. Неговотот тело, како што се вели, било изрешетано од куршуми.

Неговото тело било најдено под урнатините на зградата во Сен Дени што беше нападната во полициската акција.

Абдел Амид Абаоуд тукушто е официјално идентификуван и е прогласен за убиен за време на акцијата, по споредбата на отпечатоците од прстите“, се вели во соопштението на обвинителот. „Телото што го најдовме во зградата беше раскинато од куршуми, рекол парискиот обвинител Франсоа Молинс.

Француските специјални сили во текот на вчерашниот ден, во седумчасовна драматична акција во париското предградие Сен Дени уапсија осум лица. Двајца осомничени терористи загинаа. Второто загинато лице, покрај Абауд, е жена која се крена во воздух за време на акцијата.
Обвинителот Франсоа Молан изјави дека акцијата почнала откако е добиена информација дека Абауд се крие во квартот Сен Дени, во северен Париз. Најбараниот исламист од Белгија, кој се борел на страната на Исламска држава во Сирија, има марокански корени.
Се претпоставува дека Абауд ги организирал нападите во Париз од петокот, во кои загинаа 129 лица, а повредени се уште неколку стотини.