„Мозокот“ на теророт во Париз бил проблематичен тинејџер

„Мозокот“ на теророт во Париз бил проблематичен тинејџер
„Мозокот“ на теророт во Париз бил проблематичен тинејџер

За „мозокот“ на терористичките напади во Париз се појавија нови информации.

Абдулхамид Абауд израснал во Моленбек, бриселски кварт кој се смета за легло на терористи, а таму живее и 70-годишниот Србин Живанчевиќ, пишува „Б92“.

Меѓу децата кои си играа на улица, меѓу Мароканци, Македонци, Турци, Срби, Французи, Шпанци… тој беше лидер. Некогаш одамна тој беше фино момче, а родителите беа горди на него. Колку и да се бара нешто во минатоот што би можело да наведе на причини за тоа што го сторил, нема да може да најдете ништо, вели Живанчевиќ.
Во Сирија го однел и својот 13-годишен брат, кој станал најмладиот Европјанец во редовите на Исламската држава.
Кога неговата мајка дозна што направил, падна во депресија и се разболе. Засрамена, се врати во Мароко, наведува „Дејли мејл“
Минатата година имаше информации дека Абдулхамид е убиен во Сирија, а неговата сестра Јасмина на тоа кажала: „Да се молиме навистина да е мртов“.
hamid
Една соседка изјавила дека семејството Абауд воопшто не било религиозно.
„Абдуламид почна да станува поинаков во тинејџерските денови. Се дружеше со проблематични момчиња, пушеше марихуана, пиеше. Почна да краде, но неговиот татко сепак го испрати на еден од најпрестижните колеџи во Брисел, Сент Пјер колеџот, од каде што за помалку од една година тој е исфрлен“.

Татко му не се откажал од него, отворил продавница и му ја дал да управува со неа, а после пет години заедно со својот брат, Абдулхамид завршува во затвор, поради вооружен грабеж.

„Кога излезе од затвор едвај го препознав. Носеше долга брада и коса, своите фармерки ги замени со арапска облека. Порано се смееше и се шегуваше, сега беше сериозен“, вели соседката.