Турција: Полицијата заплени сто килограми експлозив

Полицијата запленила сто килограми експлозив во операција во Анкара.

Експлозивот бил скриен во земјата од Курдската работничка партија ПКК.

Полицијата го следела извесно време местото, каде бил запленет експлозивот – нитрометан со голема моќност, и уапсила лице, кое пристигнало за да го земе.

Приведениот е идентификуван како член на ПКК.