среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 45

Штама во медиумите на СДСМ за рејтингот на Заев

Штама и молк во опозициските медиуми за рејтингот на Заев, а ниту еден збор и бројка не се пренесени за рејтингот на претседателот на СДСМ. Оттука логично е да се постави прашањето: Дали е ова случајно или намерно? Дали опозициските медиуми намерно не го пренесуваат податокот поврзан со рејтингот на Зоран Заев како против кандидат на Груевски?

zaev zoran

Последни вести

Молк во опозициските медиуми за рејтингот на претседателот на СДСМ Зоран Заев, според истражувањето на ИРИ, пишува Денешен.мк.

Според последната анкета на ИРИ, 35% од граѓаните веруваат дека премиерот Никола Груевски треба да биде реизбран. Овој рејтинг на премиерот Груевски е сличен на рејтингот кој го има американскиот претседател Барак Обама во САД и германската канцеларка Ангела Меркел .

Наспроти позитивното расположение и довербата која македонските граѓани ја даваат за премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, стои недовербата кон претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој самиот, во неколку наврати подвлече дека се спрема да биде новиот премиер на Македонија.

Штама и молк во опозициските медиуми за рејтингот на Заев, а ниту еден збор и бројка не се пренесени за рејтингот на претседателот на СДСМ. Оттука логично е да се постави прашањето: Дали е ова случајно или намерно? Дали опозициските медиуми намерно не го пренесуваат податокот поврзан со рејтингот на Зоран Заев како против кандидат на Груевски?

Веројатно рејтингот е толку мал и срамен, што воопшто и не е за објавување. Само за потсетување, според анкетата на ИРИ објавена во јули, ВМРО-ДПМНЕ беше со убедлива повеќе од двојна предност пред СДСМ.

Според последната анкета на ИРИ, 35% од граѓаните веруваат дека премиерот Груевски треба да биде реизбран. Во споредба со анкетата од јуни, кога 32% од анкетираните сметаа дека Груевски заслужува да биде реизбран, во последната анкета на ИРИ, поддршка за реизбор на премиерот даваат 35% граѓани. Се намалува за 3% бројот на оние кои сметаат дека Груевски не треба да добие нов мандат.

Инаку, според анкетата на ИРИ од јули, ВМРО-ДПМНЕ е со убедлива и огромна предност пред СДСМ и има повеќе од двојна предност. ВМРО-ДПМНЕ убедливо води со 23 отсто доверба меѓу граѓаните, наспроти политичкиот опонент СДСМ во кого веруваат само 11 отсто од анкетираните.

Таа анкета покажа дека меѓу лидерите на политичките партии премиерот Груевски е со убедливо најголема доверба. Во него веруваат 18 проценти од анкетираните граѓани, што е за 2,5 пати поголема поддршка во однос на Зоран Заев кој има доверба кај само 7 отсто од народот.

Најчитани вести