петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 50

Детали од животот на париската жена самоубиец: Распуштен живот и журки до зори

Се чини дека таа поминала долг пат од девојка која сака облека и алкохол до радикална исламистка подготвена да загине во бомбашки напад.

Детали од животот на париската жена самоубиец: Распуштен живот и журки до зори

Детали од животот на париската жена самоубиец: Распуштен живот и журки до зори

Поврзани вести

Само еден месец пред да се разнесе пред полицијата во Париз, Хасна Аитболакен (26) имала репутација на девојка која сака да се забавува, пренесува „Дејли мејл“.

Се чини дека таа поминала долг пат од девојка која сака облека и алкохол до радикална исламистка подготвена да загине во бомбашки напад.

Девојката е родена во Франција на 12 август 1989 година. Нејзините роители, по потекло од Мароко, Во Франција се преселиле во 1973 година. Кога била мала, нејзините родители се разведуваат и таа со мајка си се преселува во Париз, но еден период поминала во старателско семејство.

терористка

Нејзинот брат вели дека не разговарале пет години и дека нивниот однос бил комплициран.

Тој кажал дека Хасна живеела во старателска фамилија и дека имала тешко детство полно со злоставувања. Кога пораснала, почнала да се забавува, и не била воопшто срамежлива.

„Цело време критикуваше се’. Одбиваше да прифати каков било совет. Живееше во свој свет. Не беше заинтересирана да ја проучува својата релиигја. Никогаш не сум ја видел да го отвори Куранот. Постојано беше на телефон и на Фејсбук, раскажува за „Дејли мејл“ нејзиниот брат.

терористка3

Последните години станала симпатизерка на Исламската држава, а тоа е јасно од нејзиниот профил на социјалните мрежи. Свесни за нејзината блискост со Абауд, француските разузнавачки служби ја ставиле под надзор.

И претходно, нејзниот телефон бил прислушуван поради сомнение за трговија со дрога. По нападот во Париз, полицијата продолжила со прислушувањето на нејзиниот мобилен. И преку информациите добиени со прислушување на нејзиниот телефон, полицијата дознала каде е терористичката ќелија.

Откако полицијата почнала да пука, ја прашеле каде и е пријателот, а таа одговорила дека тој не и е пријател. Еден од соседите тврди дека слушнал како девојката вика „помогнете ми“, повеќе пати.

Останува нејасно зошто девојката се „разнела“, а некои велат дека можеби тоа го сториле снајперистите кои ја погодиле. Сепак, не случајно се нашла на тоа место каде што се самоубила.

На фејсбук таа објавила статус во кој вели: „Наскоро одам во Сирија, ако даде Господ, наскоро заминувам за Турција.

Најчитани вести