Опаѓа стапката на смртност кај новороденчиња и родилки

Стапката на смртност кај новороденчиња и родилки во Македонија опаѓа.

Стапките некаде имаат осцилаторен тек. Доенечката смртност нагло опака во изминативе години.

Претседателот на комитетот за безбедно мајчинство доктор Александар Митов  денес во собранието истакна дека пласирајќи вакви информации, говори за наука, а не политика.

Со официјални податоци тој потврдува дека опаѓаат сите трендови за вакви видови смртност.

Доколку сакав да држам политички говор, рече, ќе потенцирам дека најниска смртност имаше во 2010-2011 година.