Социјалните мрежи го избраа најчудното соопштение од СДСМ

Иако конкуренцијата беше навистина силна социјалните мрежи овие денови го избираа најчудното соопштение од СДСМ.

Тоа е соопштението со наслов: Брзата помош им е потребна на Груевски и Тодоров, ама и таа нема да им помогне.

Оваа соопштение беше во тесна трка со друго нивно соопштение чиј наслов е дека Груевски прска, а овие две добија конкуренција со најновото соопштение во кое наместо текст е оставен празен простор со иксови кои треба да бидат пополнети од луѓето во СДСМ што докажува дека некој друг им ги спрема соопштенијата, пишува Курир.

На социјалните мрежи има коментари од различен карактер, највеќе се присутни оние кои тераат шега со ваквите соопштенија, но има и такви кои искажуваат сериозна загриженост за хаосот и нервозата во опозициските редови.

За тоа што мисли народот пак се верификуваше со последната анкета на ИРИ, каде ВМРО-ДПМНЕ е со двојна предност пред СДСМ односно рејтингот е 24 % за ВМРО-ДПМНЕ и само 12 за СДСМ. Веројатно ваквото расположение присутно кај граѓаните е изворот на нервозата и фрустрациите во опозициските редови.