Тројца убиени во полициската акција во Сен Дени

Париското Обвинителство соопшти декаа три лица се убиени во акцијата на француската полиција во Сен Дени во средата.

Досега властите соопштуваа за најмалку двајца убиени. Жртви беа наведени – наводниот организатор на нападите во Париз, Абделхамид Абауд и неговата братучетка Хасна Ајтбуласен, чиј пасош беше пронајден во станот. Во уништениот стан ноќеска беше пронајден труп на жена, јавуваат француски медиуми.