Џуманџи? Друштвена игра стара 1.500 години пронајдена во Кина

Кинеските археолози пронашле чудна друштвена игра во голема гробница која со векови била сокриена под земја.

Сепак, крадците на гробницата очигледно не биле заинтерсирани за друштвена игра, па таа била сокриена 1.500 години и за сето тоа време никој не ја играл.

Во прашање е коцка составена од 21 правоаголно парче со бројки, а покрај неа е пронајдена и скршена плоша која очигледно служела за истата игра.

Коцката е пронајдена во источна Кина. Археолозите успеале да ја реконструираат плочата и откриено е дека била опкружена со цртежи на облаци и молњи.

Коцката е направена од животински заб и 12 од 14 стрни се нумерирани со бројки од еден до шест испишани на древен стил. Секој број е испишан два пати, а две страни се празни.

Научниците тврдат дека оваа древна кинеска игра била популарна во династијата Хан. Осмислена е кон средината на првиот милениум, а основните правила на играта не се знаат, бидејќи никој не ја играл 1.500 години.

Она што е интересно е дека во гробницата се пронајдени скелети, кои најверојатно им припаѓаат на ограбувачите кои ја оставиле оваа друштвена игра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.