Двојното зголемување на казните за медумите може да ги згасне порталите

Двојното зголемување на казните за медумите може да ги згасне порталите
Двојното зголемување на казните за медумите може да ги згасне порталите

Разговорите на претставниците на четирите политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА за медиумите продолжуваат и денеска во Клубот на пратениците. Посредникот во разговорите Питер Ванхауте пред почетокот на средбата рече дека очекува до крајот на следната недела да бидат донесени соодветните измени на законите кои се однесуваат на медиумската сфера и со тоа да завршат разговорите за овој дел од Договорот во Пржино.

Наспроти амбициозната изјава на Ванхауте, претставници на медиумите денеска изнесоа несогласување со начинот на изгласување на измените во Изборниот законик кој се однесуваат за медиумите и предвидуваат зголемување на казните и вметнување на порталите во Законот.

Според Теофил Блажевски, член на комисија за жалби во Советот на етика намедиумите во Македонија, Интернетот значи слобода и несмеат да го регулираат со посебни закони за медиуми. Бидејќи во спротивно, ќе треба на тој начин да се регулираат и Фејсбук и агрегаторите, зашто според најновата анкета на ИРИ, граѓаните најногу се информираат за преку интеренет порталите следејќи ја социјалната мрежа Фејсбук.

За Тамара Чаусидис, претседател на новинарскиот синдикат, недозволиво е да се носат закони за медиумите без во процесот да бидат вклучени луѓето од таа фела.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, го осуди нетранспарентното носење на законите кои се однесуваат на медиумите,особено што во нив, на мала врата се ставија и порталите. Тој смета дека на тој начин се отвори можност за понатамошно ограничување на слободата за изразување. Во Европа порталите никаде не се регулирани со медиумски закони. Повеќе се регулирани со Закнот за кривична постапка  и Граѓански закон за навреда и клевета. Проблематични се и двојно зголемените казни, кои за помалите субјекти би можеле да значат и нивно затворање. Задоцнетата реакција од медиумските организации доаѓа поради отсуство и право на глас на претставниците од оваа фела да учествува во донесувањето на законските измени. Всушност Законите се ставја на веб страна откао беа донесени.

Зголемување на казните за медиумите не е став на ВМРО-ДПМНЕ изјави Илија Димовски. Според него слободата на медиумите е јавен инререс, а не е само интерес на новинарите и политичарите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.