Крими хроника

19 години затвор за убиецот на медицинската сестра на Детска клиника

19 години затвор за убиецот на медицинската сестра на Детска клиника
19 години затвор за убиецот на медицинската сестра на Детска клиника

Никола Кузмановски e осуден на 19 години затвор за убиство на медицинската сестра Дијана Здравковска што се случи на 9 јануари лани на Детската клиника.

Тој е осуден за  кривично дело убиство на бремено лице. Убиството се случило вечерта околу 19 часот, во кругот на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, во потпокривната просторија на Клиниката за детски болести на осмиот кат. Кузмановски се товареше дека ја убил Дијана по вербална расправија.

Дијана била во брак и имала ќерка, но била во љубовна врска со Кузмановски. Таа била бремена, а за тоа знаеле и нејзиниот сопруг и нејзиниот љубовник.

Според обвинителството, смртта на Дијана настапила со задушување со притискање и со затворање со шаката на устата и носот и повреди на вратот.

Според одбраната на обвинетиот, пак, смртта настапила како последица на кршење на черепот предизвикан од пад и со задушување. Според нив, тоа бил настан со несреќни околности.

Кузмановски сакаше да се самоубие по трагедијата, но полицијата интервенираше на време.