четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 56

ЕУ: Да не се пропуштаат мигранти од земји кои не се погодени од воени дејствија

migranti

Поврзани вести

Словенија, Австрија и Хрватска донесоа одлука да не пропуштаат мигранти кои не потекнуваат од земјите кои не се погодени од воени дејстввија и конфликт, таканаречени економски мигранти. Одлучено е да се пропуштаат луѓе од жариштата во Сирија, Ирак, Авганистан кои се соочени со воен конфликт.

Хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остоиќ изјави дека Хрватска ќе одобри преминување преку нејзина територија само на мигранти од Сирија, Ирак и Авганистан. Словенија се обидува во Хрватска да врати 162 мигранти од Мароко, Бангладеш, Шри Ланка и Либерија, каде нема војни, но Хрватска одбива да ги прими и тие се наоѓаат на словенечка територија, со објаснување дека нема да биде земја која ќе прими бегалци без можност за нивен понатамошен трансфер. И Словенија го запре прифаќањето на економски мигранти, туку само на бегалци кои влегуваат во земјата од територијата на Хрватска.

Унгарија ги затвори сите транзитните железнички точки кон Хрватска, односно Котор, Копривница и Бели Манастир.

Граничните премини на Хрватска и Србија се затворени за економските мигранти, применувајќи ја новата европска политика во однос на бегалците. Се враќаат сите кои немаат документ или неможат да го потврдат идентитетот и од која држава доаѓаат.  Со оваа одлука на српските власти според УНХЦР- во Македонија се вратени 300 мигранти.

На овој начин дополнително се зголемува притисокот и ќе отвора простор за создавање на непредвидливи ситуации, нови предзвици за кои потребни се нови механизми за справување.

Од македонското МВР денес соопштија дека во изминатите 24 часа на северната граница Табановце состојбата е мирна, а пристигнати се вкупно 2.715 мигранти. На јужната граница во прифатниот центар има 500 лица, но уште 2.000 чекаат за влез во Македонија. Бројки кои според МВР постојано се менуваат.

Сепак одлуката на голем број земји за непропуштање на економски мигранти не е единствена мерка. Европските земји на големо ги заштитуваат своите територии на напливот на мигранти со поставување на ограда на границите.

Најчитани вести