вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 55

Наместо да работи за народот, ќе се брани од него – Ременски побарала обезбедување иако не и следува

F.Remenski

Поврзани вести

Техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски по внесениот хаос во Министерството кој резултираше со кршење на закони поставување на надворешно лице кое е партиски војник на СДСМ и кое сега може да има пристап до личните податоци на примателите на социјална помош, социјално загрозените, пензионерите и сите останати граѓани, резултира со уште еден нов гаф. Таа побарала службено обезбедување иако не и следува, пишува Курир.

Наместо да работи за народот, Ременски ќе се брани од него. На нејзиното хаотично работење со згрoзување реагираа пензионерите и примателите на социјална помош кои самите изјавуваа дека не сакаат партиски војник да им ги чешла личните податоци.

Ременски наместо да се извини, си побарала обезбедување. Но и во самото поднесено барање може да се препознае неспособноста и некомпетентноста на Ременска со која таа повторно ги повредува процедурите и законите. Имено, таа се повикува на член од законот кој не пропишува обезбедување за министерот за труд и социјална политика.

remenski

Согласно Уредбата за објектите и личностите што се обезбедуваат, видовите на мерки, активности и степени на обезбедување, во член 4  се наведени личности кои се на високи позииции во државата, односно лично обезбедување им следува на Претседателот на Државата, на Претседателот на Собрание, на Претседателот на Владата, Министрите за внатрешни работи, одбрана, правда, но не и на Министерот за труд и социјална политика.

Никогаш на Министерот за труд и социјална политика не му следело полициско обезбедување. Дополнително, ниту еден министер за труд и социјална политика претходно не користел службено обезбедување.

Ова е уште едно прекршување на законските и подзаконските акти, барање што е спротивно на Уредбата и Законот од страна на Ременски. Коментарите се дека наместо работа за граѓаните, ова е обид на Ременска да згрижи уште еден партиски војник во полиција како нејзино обезбедување. Наместо да работи на решавање на проблемите на граѓаните, таа на трошок на држвата сака да ангажира полициско обезбедување.

Најчитани вести