четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 58

Лекции за стил кои можеме да ги научиме од Џулија Робертс

Поврзани вести

Четириесет и седумгодишната Џулија Робертс во текот на деведесетите години беше најплатената холивудска ѕвезда. Врвот на славата го достигна со филмот „Убава жена“, а денес исто така важи за една од најубавите жени на светот која има раскошна насмевка.

Од неа можеме да научиме неколку смели модни и „бјути“ трикови кои Џулија ги применува со години, а чие благодарение таа изгледа беспрекорно средено и потполно природно.

Комфорот и модата можат да одат едно со друго

И тоа како е можно да изгледате модерно и да се чувствувате удобно истовремено. Џулија е пример дека жената може да изгледа шик дури и во фармерки и тоа со машки крој.

За неа е најважно гардеробата да и биде комфорна.

Не се плашете да го покажете својот природен изглед

Уште од филмот „Убава жена“, Робертс стана препознатлива по својата виткана коса. Таа е таква каква што е, и не се грижи премногу за модните трендови кои се наметнуваат.

Експериментирањето е ОК

Иако го сака природниот изглед, Џулија е од оние дами кои сакаат да експериментираат. Особено таа се поигруваше со својата боја на коса-можевме да ја видиме како русокоса и како бринета.

2001. година беше сјајна за актерката која тогаш доби Оскар за улогата во филмот „Ерин Брокович“, а на доделувањето на наградата се појави во потполно незаборавен црно-бел фустан.

Секогаш носете кармин

Оваа холивудска дама ретко прави грешки кога е во прашање шминката. Сака да ги истакне своите усни, но тоа не го прави само со црвен кармин. Во предвид доаѓаа разни нијанси на кармин, а познато е дека еден од нејзините заштитни знаци е токму нејзиниот раскошен поглед.

Останете му верни на својот стил

dzulija2

На овогодишното доделување на Греми наградите, русокосата Џулија заблеска во елегантна креација поради која сите се вртеа по неа.

Прифатете ги годините достоинствено

Робертс е една од ретките актерки кои не планираат да се подложат на било каква пластична операција, па дури ни на затегнување на лицето. Таа пронајде друг начин за одржување на младешкиот изглед. Вели дека практикува јога и дека е среќна.

Actress Julia Roberts arrives at the 71st Annual Golden Globe Awards held at The Beverly Hilton Hotel., Image: 181749305, License: Rights-managed, Restrictions: Content available for use in Corbis Mobile Offerings., Model Release: no, Credit line: Profimedia, Corbis

-Се работи за чистење на умот и пуштање на работите кои ве исцрпуваат психички и физички. Тука лежи леснотијата во мојот живот – не ги сфаќам работите премногу сериозно, вели Робертс.

Најчитани вести