Како се негуваат Африканките: Шест „бјути“ тајни

Мароканките обожуваат да користат домашни препарати за разубавување. Африканските жени можат да се пофалат со поеластична и помладешка кожа во однос на жените од западниот свет. За побавно стареење на лицето и телото делумно се одговорни гените, но и малите ритуали за убавина кои Европјанките не ги знаат многу.

Моќта на ружите

Мароканките обожуваат да користат домашни препарати од ружа. Ружината вода се семта за одличен помагач за тонирање на кожата. Етеричното масло од ружа се смета за еден од најсилните сојузници во борбата против воспаленија на телото, а кога ќе се нанесе на кожата, ја остава мека и мазна.

Напиток од нане

Акриканските жени сакаат да пијат напиток од нане. Ова е пијалок кој изобилува со кофеин и ги расонува и е одлична алтернатива за кафето.

Парна бања

Заминувањето во амам еднаш неделно, односно во парна бања е одличен начин да се опуштите и да се разубавите. Пареата ги отвора порите, го истакнува лачењето на токсините и ја забрзува циркулацијата што резултира со поубава кожа на лицето и телото. Во амамот се достапни и ефикасни методи на масажа со специјални масла кои го опуштаат вашето тело и дух.

Африкански црн сапун

Жените на црниот континент ја одржуваат хигиената со африкански црн сапун. Станува збор за природен производ на база на палмино масло и шеа путер кој е богат со витамин Е и гарантира еластичност на кожата. Бојата потекнува од пепелта на сувите како бобици кои се наоѓаат во сапунот, а кои не содржат никакви конзерванси, вештачки бои и адитиви, па е намент за сите типови на кожа.

Зелена глина

Маската од зелената глина има вчудоневидувачки ефект на кожата бидејќи длабински продира и го упива вишокот прирони маска Одлична е за кожата на лицето, деколтето и грбот.

Парфимирани камења

На африканските пазари можат да се купат цврсти парфимирани камења кои нудат ново искуство за ставање мирис. Наместо прскање со четкичка на клучните места жените во Африка го тријат телото со овој камен.