Воена состојба во Брисел: Пукања и апсења во срцето на Европа (ВИДЕО)

Воена состојба во Брисел: Пукања и апсења во срцето на Европа
Воена состојба во Брисел: Пукања и апсења во срцето на Европа

Серијата напади во Брисел заврши доцна синоќа, неколку часа откако владата одлучи да го задржи највисокото ниво на подготвеност поради терористички закани. Белгиската полиција уапси 16 осомничени за тероризам, а главниот исламски терорист Салах Абдеслам кој учествувал во убиството на 130 лица во Париз и понатаму е во бегство.

На улиците во Брисел и денеска патролираат војници, трети ден од примената на вонредните безбедносни мерки и десети ден од потерата по осомничениот органзатор на терористичките напади.

Во рацијата полицијата ги претресувала становите на осомничените во квартовите Моленбек, Жет, Форе, Скарбек, Вулв Сен Ламбер и Андерлет.

брисел1

Единиците на специјалната полиција извршиле претрес во куќата на вујкото на Абдеслм, а белгиските медиуми јавуваат дека имало пукање во близинана на станица на метро.

Медиумите јавиле дека полицијата во градот Љежа во автомобил „БМВ“ забележала личност која личи на терористот Аддеслам, но тој успеал да избега кон германската граница.

brisel4

brisel2

Денеска сообраќајот во бриселското метро ќе биде стопиран, откажани се јавните манифестации, а училиштата и факултетите се затворени.

Белгиската полиција трага по најмалку десет исламски екстремисти, од кои двајца носат бомби, експлозив каков што активирале терористите во нападте во париз, јави белгискиот весник „Дернијер ер.“.