Емигранти на јужната граница ги зашиваат усните во знак на револт

Емигранти на јужната граница ги зашиваат усните во знак на револт
Емигранти на јужната граница ги зашиваат усните во знак на револт

Расте револтот на економските емигранти кои се заглавени на македонско- грчката граница, поради одлуката на власта да се пропуштаат само бегалци кои доаѓаат од воените жаришта.

Денеска неколку мажи од Иран, Курдистан и Пакистан со игла и конец ги зашиле своите усни, во знак на протест поради таквата одлука, јави „Канл 5“.

Тие со транспаренти извикуваат: „Ние не сме убијци и терористи, сакаме слобода“, „Отворете ги границите“.Грчките власти им обезбедиле транспорт да се вратат назад, некои од нив повеќето со деца се вратиле доцна синоќа, но, постојано доаѓаат нови групи. Засега, ситуацијата на границата е мирна. На околу 1000 мигранти не им се дозволува влез на територијата на Република Македонија, додека за останатите бегалци процедурата се одвива нормално.

Според информации на МВР мирно е и на северната граница. Прифатниот камп е празен и нема задржувања во тековната процедура за излез.

Од петок македонските власти, по примерот на колегите од Словенија, Србија и Хрватска пропуштаат само бегалци од местата каде што има воен конфликт, Сирија, Авганистан и од Ирак.
Европската унија работи на тоа да ги осигура надворешните граници во Грција и на грчко-македонската граница да се постават сили на европската полиција Фронтекс која треба да ги регистрира мигрантите и да направи скрининг. Оваа мерка би требало да го намали приливот на мигранти во Србија.