Попоски: Обезбедувањето на границата е наше право, но и наша обврска

Појасни дека предмет на проценка на безбедносните служби е какви мерки ќе бидат преземени за заштита на границата, дали тоа ќе бидат физички огради, дали обезбедувањето ќе биде со човечки ресурси или на друг начин, а сите мигранти ќе се насочуваат на точки каде што може да бидат регистрирани и каде може да се дефинира дали може или не може да влезат во Македонија.

Она што е значајно е дека имаме недвосмислена одлука да ги употребиме сите неопходни ресурси зависно од проценката дали ќе се однесуваат на физичко ограничување и насочување или со луѓе или комбинација од двете со цел да обезбедиме безбедност на Република Македонија, да не дозволиме неконтролирани премини, да ги насочиме мигрантите на места каде што можат да бидат регистрирани, да ги идентификуваат и да одлучат дали има можност да влезат во Република Македонија. Никаква опција не е исклучена и оставаме на стручните служби да проценат во кој обем и во каков тип мерки ќе бидат применети. Тоа не е само наше право, туку и наша обврска, истакна министерот за надворешни работи.

Македонија, додаде, е земја која повеќепати досега покажала дека е подготвена да помогне на луѓе со потреба. Во таа насока, рече, ќе обезбеди хуман третман за лицата кои транзитираат низ Македонија, но нема да може да пропушта мигранти од економска природа, особено затоа што, како што рече, за кои самата ЕУ има донесено неколку одлуки дека не можат да бидат примани.

По каскадата реакции и одлуки на север за проток на таквите мигранти кои беа донесени во Австрија, Словенија, Хрватска, а ние бевме информирани, исто така и од Србија ние мора да ги почитуваме и да ги земеме предвид како фактор кој влијае на бројот на мигранти кои можат да влезат во Македонија, но понатаму и да можат да излезат од Македонија кон Србија на пат кон ЕУ. Во овој момент за нас е значајно секоја од земјите на овој пат да ги исполни своите обврски. Така што и Грција како земја членка на ЕУ и на шенген зоната треба да соработува во насока на одредено филтрирање односно дефинирање на тоа кој може, а кој не може да помине. Ние ќе ги почитуваме овие одлуки, нема да спречуваме премин на кој било кој може да стигне до неговата дестинација бидејќи ние сме само земја транзит, истакна министерот Попоски.

Остануваме отворени за прием на сите оние што можат да го продолжат патот

Во однос на…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.