Пронајден мртов поранешниот воен разузнувач Горан Софески

Поранешниот воен разузнавач Горан Софески утринава е најден мртов во близина на селото Раштана на пет километри од Кичево. Во моментов полицијата и истаржен судија врши увид.

Горан Софески е поранешен шеф на военото разузнување, а неодамна бил прераспореден во Куманово во касарната на АРМ.

Нема траги на насилство ниту прострелни рани врз телото на екс-шефот на военото разузнавање Горан Софески, објави „Прес 24“, повикувајќи се на полициски извори кои се дел од увидот на терен.

Телото на Софески го пронашле случајни минувачи.

Полицијата официјално соопштува дека вчера лицето Г.С. (44) било пријавено како исчезнато во полициската станица во Кичево од негови роднини. Ја потврдуваат и инфромацијата дека едно лице е пронајдено мртво во атарот на селото Раштани но не се соопштува неговиот идентитет.

Неофицијални информации велат дека Софески имал проблеми со срцето, па најверојатно смртта настапила поради проблеми со овој орган. Сепак овие информации немаат официјална потврда бидејќи на терен е јавен обвинител кој врши увид. По комплетирањето на увидот и официјално ќе биде познато што е причината за смртта на Софески, пишува „Пресс 24“.