среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

Речиси 300 лица уапсени во Париз, 71во домашен притвор

napadi

Поврзани вести

Од терористичките напади во Париз, на 13 ноември, до денеска во регионот на Париз се уапсени речиси 300 лица, изјави шефот на париската полиција Мишел Кадо..

– Вкупно 298 лица се наоѓаат во затвор, додека 71 лице е во домашен притвор, прецизираше Кадо, пренесува МИА.

Тој додаде дека ширум регионот, вклучувајќи го и Париз, се разместени 10.200 полицајци и 6.400 војници, чиј приоритет се станиците, аеродромите, големите јавни објекти, владини згради, установи на културата, медиумски компании и болници, пренесуваат француските медиуми.

-Нивото на закана останува зголемено, рече Кадо додавајќи дека на Интернет се објавуваат заканувачки пораки од Исламска држава во кои Франција е  јасна цел.

Кадо наведе дека по нападот е забележен извесен број расистички или антиисламски испади, но тој ја пофали главно одговорната реакција на француската јавност.

Најчитани вести