Свет

Уапсено 21 лице во антитерористичка акција на белгиската полиција

Уапсено 21 лице во антитерористичка акција на белгиската полиција
Уапсено 21 лице во антитерористичка акција на белгиската полиција

Канцеларијата на федералниот обвинител на Белгија, денеска објави дека уште пет лица се уапсени во Белгија, со што бројот на уапсени лица се зголеми на 21, откако во синоќешната рација во центарот на Брисел беа уапсени 16 лица осомничени за поврзаност со лица што сакаат да изврат терористички акт.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, денешните пребарувањата беа спроведени во регионот Брисел и регионот Лиеж, односно пет пребарувања се извршани во регионот на главниот белгиски град, а две во Лиеж, при што пет лица се лишени од слобода во текот на овие пребарувања.

Овие нови информации се однесуваат на вкупно 21 лице уапсени од почетокот на големите полициски операции што од синоќа се спроведуваат ширум Белгија, при кои освен уапсените, запленета е и сума од 26.000 евра во кеш, но не и оружје и експлозивни направи. Нивото на безбедност останува на четврти степен, што значи дека опасноста од терористички акт е “веројатна и неизбежна” за Брисел, додека во останатиот дел од Кралството Белгија важи трет степен на безбедност.

Колку за потсетување, 19 рации веќе се направени од синоќа во бри