Уапсено 21 лице во антитерористичка акција на белгиската полиција

селските општини Моленбек-Сен Жан, Скарбек, Волуве-Сен-Ламбер, Јете, Форест и во самиот центар на Брисел. Исто така, направени се и три пребарувања во градот Шарлероа, поточно во ренот Дампреми. Главниот осомничен, Салах Абдеслам, кој учествувал во терористичките напади на 13 септември во Париз, се уште е во бегство и за него постојано излегуваат шпекулации дека се наоѓа во еден или друг белгиски град, иако полицијата и обвинителството не потврдуваат дали му се зад петите.

А, спротивно на одредени информации што утринава циркулираа во врска со сомнително возило марка “БМВ 5” забележано во регионот Лиеж и контролирано од страна на полицијата, истрагата покажала дека нема истото нема ништо поврзано со тековната антитерористичка операција.

Попладнево, Советот за безбедност на Белгија ќе заседава да одлучи дали да се задржи или намали четвртиот степен на безбедност во Брисел, поради што денеска повторно не циркулираше метрото во главнито град на Белгија, а и училиштата и факултетите останаа затворени. Ваквата состојба целосно го парализираше Брисел, па обвинителството и полицијата побараа од работодавачите да бидат коректни кон своите вработени што не можат да дојдат на работното место, дали поради оневозможеност во движењето (затворнео метро и редуцирани трамвајски линии), така и поради децата што не заминале на училиште.