четврток, 20 јули 2017  |  Вести денес: 41

Институтот за научно истражувачка работа во спортот доби најсовремена опрема за мерење на перформансите на спортистите

1

Последни вести

Институтот за научно истражувачка работа во спортот, во состав на Факултетот за физичко образование, од страна на Агенцијата за млади и спорт доби современа опрема со која ќе се мерат физичките и здравствените перформанси на студентите и спортистите.

Заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески во присуство на деканот на факултетот за физичко образование, Вујица Живковиќ во Институтот за научно истражувачка работа во спортот, присуствуваа на мерењата кои се прават со новата опрема.

-Станува збор за најсофистицирана  опрема со која што се добиваат вистинските квалификации за учениците нивната здравствена состојба, спортските перформанси при што се води засебно досие за секој од учениците  а потоа врз основа на тие податоци се заснова посебна програма и се следи ученикот по однос на таа посебна програма, појасни Ристовски.

Тој додаде дека во текот на наредната година ќе се набави и дополнителна опрема за потребите на Институтот и таа ќе помогне во процесот на утврдување на перформансите на учениците и на нивната здравствена состојба

Во измината година Агенцијата за млади и спорт со несебична поддршка, пред се финансиска поддршка, успеа на Институтот за спорт да му обезбеди набавка на опрема, апаратура и реквизити со кои што според мене се реализира еден од најзначајните и најуспешните проекти за развој на македонскиот спорт а тоа е континуираното следење на прогресот на учениците кои што се дел од спортската академија во Македонија. Со оваа софтверска опрема која што е од најсовремен и најсофистициран карактер имаме можност да ги следиме моторичките, функционалните и психолошките карактеристики кај секој ученик а истовремено за секој од нив ќе се води електронски личен картон  кој што постојано се ажурира и ќе се следи дали постои позитивна промена во прогресот на неговата физичка и ментална способност и надградување, појасни Спасески.

Со новата опрема која подразбира апарати и софтвер преку кое се врши целокупното мерење се прави голем исчекор во насока на развојот на спортот во Република Македонија.

2

Од ова добиваме една база на податоци преку кои можеме да направиме одредени национални стратегии за развој на спортот, бидејќи без влезни податоци и одредени показатели за популацијата ние не можеме да направиме споредби. Предвидена е и дијагностика, односно кај одредени спортисти во кои е вложено, рече деканот на факултетот Живковиќ.

3

Покрај утврдувањето на психофизичката состојба на спортистите, резултантите од користењето на оваа опрема ќе може да бидат индикатори за одредени здравствени и перформансни карактеристики на спортистите.

-Вие бевте сведоци на тестирање на тест кој се вика shuttle run при што се мери кислородната потрошувачка на спортисте како важен индикатор за спортските перформанси. Видовте тестирање на експлозивната силина на долните екстремитети што е поврзано со сите експлозивни движења кои се важни во спортот, како и тест за проценка на флексибилноста како важна на здравствениот и преформансиотаспект. Истото така илиноис тест на агилност. Ние правиме база на податоци за секој од спортистите и врз основа на овие одбрани сегменти правиме споредба не само на самите спортисти туку и со меѓународни рефернетни вредности, рече Живковиќ.

4

Покрај намена за проверката за антропометриските, моторичките, функционалните и психолошките карактеристики на сите млади и талентирани спортисти, директорот на АМС, Марјан Спасески истакна дека Институтот излегува во пресрет и на Националните спортски федерации. Потсети дека од април годинава се врши и континуирано следење на постигнувањата на спортистите од македонската карате федерација, кои се учесници на ЕП и СП.

Информира дека во следниот период предвидено е отворање и на советувалишта за спорт, спортска психологија, кинези терапија, биомеханика и исхрана, каде ќе се поддржуваат тренерите, клубовите, националните спортски федерации и врвните спортисти.

 

Најчитани вести