четврток, 15 декември 2016  |  Вести денес: 0

Утре прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид

soobrakaj

Поврзани вести

Поради изведување работи со минирање на патот А2 Кичево-Охрид, помеѓу планинскиот превој Пресека и село Врбјани, утре сообраќајот ќе биде во прекин во интервали од 15 до 20 минути помеѓу 12 и 14 часот, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Од 15-ти месецов стапи во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба. Обврската ќе трае до 15 март следната година.

Најчитани вести