За да се освои главниот град на ИД потребни се барем 50.000 војници

За да се освои главниот град на ИСИС потребни се барем 50.000 војници
За да се освои главниот град на ИСИС потребни се барем 50.000 војници

За освојување на Рака, „главниот“ град на ИД, потребно е најмалку 50.000 војници на терен, со силна поддршка на артилерија, тенкови и авиони, вели за „Тајмс“, бригадирот Бен Бари.

По масакрот во Париз, западот се обедини заедно со Русија за конечно уништување на т.н. Исламска држава. Но тоа нема да биде лесно. „Тајмс“ пишува дека тоа ќе биде „битка на стотина војници“, бидејќи треба да се обединат многу непомирливи сили, интереси и надежи за да се скрши отпорот на ИД во Рака, каде што џихадистите градат тврдини и подземни тумели и веќе ја подготвуваат одбраната. Треба да се обединат Курдите, антибашаровските сили и војската на Башар ал-Асад за која се вели дека е една „компетентна воена сила на терен“.

Освен тоа, за истата задача треба да се „спои“ и Турција, која е против Курдите и Башар ал-Асад и локалните сунити и шиити, Русија и САД. Дури во тој случај , со таква сложена и кревка коалиција можен е успех и завземање на Рака, што бибило клучен удар за ИД.

Запад мора да осигури и да разменува разузнувачки податоци, логистика, медицинска помош, извлекување на ранетите и друга помош, вклучувајќи и координирани воздушни удари.

Рака треба да се избрише од картата како Дрезден во 1945 година, изјавил поранешниот шеф на израелскиот Мосад, Шабтаи Шавит.