четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 53

Над 1,1 милиони жители на Крим се уште немаат струја

krim

Поврзани вести

Над 1,1 милиони жители на Крим се уште немаат струја.

Според најновите податоци, до утрово во Крим без струја остануваат 900.000 лица и во Севастопољ – речиси 260.000, наведува изворот за двата нови региони на Русија, формирани во 2014, кога федерацијата го анексира украинскиот полуостров, пренесува МИА.

Во Крим недостиг на струја има од 22 ноември, кога беа кренати во воздух далноводи во Украина, кои испорачуваат електрична енергија на полуостровот.

Руското Министерство за вонредни состојби подготвило за испраќање во Рим 300 генератори за струја.

Генераторите веќе се товарат на авион, што во најскоро време ќе полета за Симферопол во Крим, наведе портпарол на руското Министерство.

Најчитани вести