Делат лекции за хуман третман на бегалците, а не ги сакаат дома!

САД делат лекции за хуман третман на бегалците, но не ги сакаат дома!
САД делат лекции за хуман третман на бегалците, но не ги сакаат дома!

Иако САД имаат голема одговорност за бегалската криза, оваа тема не им е омилена и понатаму не сакаат да примат бегалци од воените жаришта на Блискиот исток на своја територија. И додека најголемата демократија дели лекции за човекови права и хуманост, американските политичари се оградуваат од прифаќањето бегалци од арапските земји, класифицирајќи ги овие политички предизвици, едноставно, како „непопуларни“.

Американците го користат секој момент да укажат дека арапските шеици сносат вина за бедата на бегалците, бидејќи исплатиле милионски суми на борците на т.н. Исламска држава, за ИСИС да се бори против сирискиот претседател Башар ал-Асад. Спонзоирте на војната не сакаат да примат бегалци, за со нив да не примат и терористи.

САД праќаат хуманитарна помош во регионот, за да се одржуваат бегалските кампови, но самите не ги прифаќаат беглците, бидејќи и тие, исто како и шеиците се плашат од терористи.

Американскиот министер за надворешни работи, Џон Кери, најави дека САД ќе примат бегалци, но во 2016 и 2017 година.

Бен Карсон: САД не треба да прима бегалци, а тие што веќе се тука да се стават под надзор!
Бен Карсон: САД не треба да прима бегалци, а тие што веќе се тука да се стават под надзор!

Еден од претендентите за номинација на Републиканската партија, за претседателските избори во САД, Бен Карсон  го повика Конгресот да ги блокира средства за програми што ќе им овозможат на сириските бегалци да влезат во САД, само неколку часа откако американскиот претседател Барак Обама изјави дека републиканците треба да бидат поотворени за луѓето раселени од воените жаришта.

„Конгресот мислам дека треба да го сопре финансирањето на сите програми кои им овозможуваат на сите овие луѓе да бидат тука. Веднаш. Денес“, истакнал Карсон.

Претходно Обама на прес-конференција во Турција за самитот на Г-20, ја кри