Делат лекции за хуман третман на бегалците, а не ги сакаат дома!

последните терористички напди во Париз, во кои се убиени околу 130 лица, а неколку стотици се повредени. Еден од терористите кој се кена во воздух пред стадионот во каде што се играше фудбалски натпревар меѓу Франција и Германија, патувал со лажен сиријски пасош преку Балканската рута.

Додека Германија годинава прифати повеќе од 100.000 бегалци од Сирија, САД прифатија помалку од 2.000 од избивањето на војната во Сирија во 2011 година.

Орбан: Бегалците во Европа ќе ги поткопаат нејзините христијански корени

Првиот чекор за ставање под  контрола на бегалската криза, го направи Унгарија, која прво почна да ја оградува границата со Србија, за полесна регистрација и проток на луѓето, но пред се’, да си ги заштити националните граници.

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан изјави дека бранот бегалци во Европа ќе ги поткопа нејзините христијански корени и дека владите треба да воспостават цврста контрола на своите граници.

бегалци1

Првичното поставување ограда на Унгарија со српската граница, во европските кругови беше протолкувано како фашистичко и нехумано однесување на Унгарија, но не помина многу време, кога и други земји членки на ЕУ, ја „согледаа“ потребата од поригорозни селекции на бегалците и економските мигранти кои транзитираат кон Западна Европа.
Безбедносна ограда во моментот Унгарија има поставено и на границите со Словенија и со Хрватска. Словенија набргу постави ограда на границата со Хрватска, со образложение дека словенечкиот капацитет за прифаќање на бегалците е ограничен и дека Европа сè уште не може да ја реши бегалската криза со заеднички напори.

Претседателката на Хрватска, Колинда Крабар Китановиќ, исто така најави поставување на бодликава жица на границата, во зависност од тоа како ќе се одвива ситуаацијата.

Мораме да настојуваме да спречиме создавање на „мигрантски џепови“ во секоја држава, во која би се задржале поголем број на бегалци отколку што може таа држава да ги згрижи во текот на зимата, истакна претседателот на Словенија Борут Пахор на средбата со хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, која пак порача дека решението треба да се бара на грчко- турската граница.

Во јавноста остана запаметена снимката која што се појави на социјалните мрежи, а покажа каков третман имаат емигрантите и бегалците во главниот бегалски камп во Унгарија на границата со Србија. Луѓе во ограден простор се грабаат за сендвичите што унгарските полицајци, со шлемови и хигиенски маски, им ги фрлаат како на животни.

Немилосрден третман на бегалците во Грција

Освен Унгарија, и Грција уште од старот на кризата е под постојана критика за односот кон бегалците и  неконтролираното препраќање на илјадници луѓе кои секојдневно бегаат од воените жаришта, но и голем број економски емигранти кон границата со Македонија.

Последниот скандал, со кој Грција го покажа вистинското лице за бегалската криза, е снимката на која се гледа како вработен на грчката крајбрежна стража намерно го дупнува гумениот чамец полн со сириски бегалци. Потоа, грчката стража ги остава бегалците безмилосно да потонат. За среќа, овие луѓе беа спасени од турските сили.

Полското МНР, за проблемот со бегаците нео