Делат лекции за хуман третман на бегалците, а не ги сакаат дома!

дамна истакна:„ Не можеме ние да ги биеме битките на луѓето од Блискиот исток, додека тие луѓе пијат кафе во Берлин“, алудирајќи дека наместо да бегаат, тие треба да се вратат во своите земји и да се борат да ги ослободат.

Крајно негативен став кон примањето бегалци, имаат и Чешка и Словачка. Исто така, 79 проценти од испитаниците на анкета спроведена меѓу Словенците, се согласуваат дека Словенија треба да постави ограда на државната граница со Хрватска.

Македонија и Србија пропуштаат само бегалци од воените жаришта

Македонија и Србија пропуштаат само бегалци од воените жаришта
Македонија и Србија пропуштаат само бегалци од воените жаришта

Можноста за заштитна ограда за да се спречи илегалниот премин на бегалците на ја исклучува ниту Македонија. Од неодамна, земјава заедно со Србија го ограничи пропуштањето на имигрантите преку своите граници дозволувајќи влез само на бегалци од Сирија, Иран и Авганистан.

Се чини дека ЕУ сеуште нема договорен план по прашањето за справување со бегалската криза. Експертите предупредуваат дека освестувањето ќе дојде кога ќе бидат погодени нејзината економија и стопанство, но сечини дека последните терорстички напади во Париз, отворија ново поглавје во начиот на кој Европа понатаму ќе ја перципира и решава бегалската криза.