понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 77

ЕВН ја продолжува соработката со Црвен крст за грижа на старите лица

crvenkrst

Поврзани вести

По повод неделата за грижа на стари лица,  ја продолжува соработката со Црвен крст со уште една нова едногодишна поддршка на активностите во насока на зголемување на грижата за старите лица во земјава.

Целта на проектот е придонес во подобрувањето на условите за живот на ранливите стари лица и зајакнување на здравствениот и социјалниот систем на старите лица во Република Македонија.

Грижата за старите лица се обезбедува во две форми и тоа во дневните центри за грижа и во домашни услови. Дневните центри за грижа функционираат во Скопје, Велес, Крива Паланка, а со поддршка на ЕВН Македонија се оформија и нови центри во Кичево, Струга и Дебар. Во рамки на грижата во домашни услови ангажирани се вкупно 65 волонтери на Црвениот крст и 11 медицински сестри кои обезбедуваат социјални и медицински услуги на стари лица во нивните домови ширум Македонија.
„Старите луѓе се генерација што го овозможија нашиот живот денес. Тие ја заслужуваат целата грижа и почит што можат да ја добијат. ЕВН како компанија ја разбира својата одговорност да придонесе кон нивната благосостојба”, изјави менаџерката за комуникации на ЕВН Македонија, Ленче Карпузовска.

Лична благодарност до ЕВН Mакедонија за продолжување на поддршката изрази Генералниот секретар на Црвениот крст, г-дин Саит Саити.

„Без поддршката на ЕВН, овој хуман проект немаше да биде реалност. Упатувам апел и до останатите компании да се вклучат во оваа мисија за грижа на ранливите категории на лица“, изјави Саити.

Партнерството со Црвениот крст за доброто на социјално загрозените лица трае веќе неколку години. Одличната соработка оовозможува партнерството да биде долгорочно.

Најчитани вести