Новороденче било донесено починато во Клинички центар

Кумановецто Н.Н. (54) вчеравечер пријавил дека во 22 часот на Одделот за Гинекологија во Куманово се породила неговата снаа А.Г. која родила машко дете.

-Поради одредени здравствени причини со возило на Брза Помош, во присуство на медицинска сестра и доктор, новороденчето било транспортирано во КБ-Скопје на Одделот за Детски болести каде на 23.11.2015 година во 23.55 часот од страна на дежурниот доктор било констатирано дека новороденчето било донесено починато, информираат од полицијата.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.