сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 24

Оланд: Ќе го браниме човештвото од смртоносните дејствија на Исламската држава

Знаев дека Париз претставува симбол, но не претпоставував дека нападите од 13 ноември тоа толку многу ќе го истакнат, рече Оланд.

Оланд: Закана за напади на Евро 2016 постои, но не смееме да се плашиме

Оланд: Закана за напади на Евро 2016 постои, но не смееме да се плашиме

Последни вести

Франција се стреми да застане на чело на најшироката коалиција во името на животот како домаќин на Климатската конференција на Обединетите нации, која ќе почне вo понеделник во Париз, како и во борбата против тероризмот по нападите од 13 ноември, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд во интервју за списанието „Експрес“.

На прашањето за врската меѓу борбата против климатските промени и антитероризмот Оланд одговори: „Да тоа е една иста битка“.

Таа битка значи од една страна да го браниме човештвото од смртоносните дејствија, кои ги извршува Исламска држава. Од друга страна да ја заштитиме планетата од сопствената недоследност, која утре може да биде извор на конфликти и причина за војни, истакна Оланд.

Тоа е двојна битка против фанатизмот, кој денеска убива луѓе и против индиферентноста, која и штети на нашата планета, додаде францускиот претседател.

Тој нагласи дека и на двата фронта Франција е на предната линија и се стреми да застане на чело на најшироката коалиција во името на животот и додаде дека „човекот отсекогаш си бил непријател самиот на себе“.

Знаев дека Париз претставува симбол, но не претпоставував дека нападите од 13 ноември тоа толку многу ќе го истакнат, рече Оланд во интервјуто, кое треба да биде објавено утре.

Околу 140 државни и владини лидери се очекува да пристуствуваат на Конференцијата за климата на ОН на денот на нејзиното отварање.

Најчитани вести