четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 0

ВИДЕО: Бизарна мода на одмазда на изневерени жени во Кина

kina

Последни вести

Во последните неколку месеци во Кина завладеа бизарна мода на уништување автомобили, како начин на кој изневерените жени се одмаздуваат на мажите.

Жена, која дознала дека е изневерена, одлучила да се одмазди на мажот така што сакала да го уништи неговиот автомобил, а сето тоа го снимило лице скриенио позади автомобилот во близина.

„Нападот“ трае помалку од две минути, но „Фолксфагенот Пасат“ од 25.000 фунти изненадувачко добро го поднесе напливот на гнев на изневерената жена, која успеа да скрши само неколку прозорци и стоп-светлата.

Друга жена во октомври, пред очите на шокирани минувачи, уништи БМВ вреден стотина илјадници фунти, затоа што во возилото беше нејзиниот сопруг со љубовницата. Неименуваната жена од Шенџан, на јужниот дел на Кина, со чекан ја кршела колата дури 20 минути.

Во септември една Кинеска во афект со голема цигла го уништи својот луксузен „Audio Q3“, вреден 42.000 фунти, наводно затоа што имала конфликт со момчето.

Најчитани вести