вторник, 27 декември 2016  |  Вести денес: 6

Времено одземени лиценците на анестезиолозите од Гевгелија

Временото одземање на лиценците за работа на докторите е по основ на повреда на позитивните законски прописи и одредбите на Кодексот на медицинската деонтологија.

Времено одземени лиценците на анестезиолозите од Гевгелија

Времено одземени лиценците на анестезиолозите од Гевгелија

Поврзани вести

На денешната седница Комисија за етички и правни прашања при Лекарската Комора на Македонија донесе одлука за времено одземање на лиценцата за работа на д-р Томчо Ванчев, специјалист анестезиолог и д-р Зоран Јовановски, специјалист анестезиолог, вработени во ЈЗУ Општа болница – Гевгелија.

Лиценците за работа на докторите, соопшти денеска лекарската комора, времено им се одземаат до донесување на правосилна судска одлука.

Одлуката е донесена врз основа на дополнително доставената документација: Извештајот од извршениот стручен надзор од страна на комисијата формирана од Министерството за здравство, како и Известувањето за резултатите од анализата на алкохол во примероци крв од Министерството за внатрешни работи, се наведвуа во соопштението.

Временото одземање на лиценците за работа на докторите е по основ на повреда на позитивните законски прописи и одредбите на Кодексот на медицинската деонтологија.

Најчитани вести