СДСМ работи според девизата: „Kолку полошо за граѓаните, толку подобро за Заев и партијата“

ВМРО-ДПМНЕ денеска спречи уште едно деструктивно сценарио на СДСМ. Преку дополнителниот заменик министер Кире Наумов, лидерот на СДСМ денеска се обиде да ја блокира исплатата на зголемените пензии, да го попречи реновирањето на болниците и набавката на нова медицинска опрема, да ја закочи исплатата на земјоделските субвенции, да ја сопре изградбата на новата патна инфраструктура и да ги пролонгира роковите за реновирање и изградба на новите училишта и градинки, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Кире Наумов.

Оттаму посочуваат дека  СДСМ работи единствено според девизата „колку полошо за граѓаните, толку подобро за Зоран Заев и партијата“.

Ова е највисоката цел и единственото нешто за кое се способни партиските кадри на Заев.

ВМРО-ДПМНЕ не дозволи СДСМ да го реализира своето црно сценарио. Буџетска криза нема да има. Република Македонија ќе обезбеди средства и за справување со мигрантската криза, и за зголемени пензии, и за реновирање на болници и за сите други трошоци кои ќе значат стабилност, сигурност и спокојство на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи одговорно и домаќински и да се грижи за граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи на тоа Република Македонија да остане меѓу петте најмалку задолжени земји во Европа, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

.